Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска го посетија објектот „Пчелка”, во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче”, информираат од Општина Куманово.
Во соопштението испратено до медиумите, се наведува дека раководните лица со персоналот на објектот пред присутните го промовирале дефектолошкиот кабинет, односно специјално опремена просторија за стручните соработници и наставници, наменет за дополнителна образовна поддршка на учениците, реализиран од сопствените средства на градинката.
„Присутните ги поздрави директорката на градинката Ивана Николиќ. Ваков кабинет за инклузија на учениците постои и во објектот „Синоличка”“, информираат од Општината.