Во библиотеката Тане Георгиевски утре во 14 часот ќе биде промовиран романот „Распарчени“ од нoрвешката писателка Хилде Миклебуст.
Станува збор за живописен роман за пријателството, за тоа како е можно истовремено да се биде среќен и тажен кога нешто навистина чудесно и нешто навистина ужасно ќе се случат истовремено.
Делото во издание на „Бата прес“ го преведе Искра Бадева, а објавувањето на книгата е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „За нивната иднина“ .
Авторката Хилде Миклебуст е родена 1979 година во Норвешка. Таа е една од најреномираните и една од најважните современи авторки во Норвешка. Дебитирала во 2006 година со збирка поезија.
Романот „Распарчени“ е нејзиниот прв роман за тинејџери и беше во потесен избор за познатата светска награда „Бели гаврани“ во 2023 година.