Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force” при СВР Куманово лишиле од слобода 36-годишна кумановка и 50-годишен жител на Куманово.
Според МВР, над двајцата бил извршен преглед, при што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.