Сашо Клековски, досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување е нов министер за здравство, Ѓоко Велковски, досегашен заменик министер е нов министер за социјална политика, демографија и млади нов директор на Фондот за здравство е Златко Перински, инаку досегашен министер за локална самоуправа, а нов министер за локална самоуправа е кумановецот Иван Стоилковиќ, досегашен министер за односи меѓу заедниците, од редовите на Демократската партија на Србите во Македонија.
Игор Филков, досегашниот министер за правда од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија заминува од Министерството за правда, а нов министер на правда ќе биде од редовите од коалицискиот партнер во Владата, партијата ВРЕДИ. Партијата ќе раководи и со Министерството за култура и туризам, како и со Министерството за односи меѓу заедниците.
Министерството за јавна администрација ќе продолжи да го води досегашниот министер Горан Минчев, а со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе раководи Борче Серафимовски, актуелен државен секретар во Министерството и потпретседател на ЗНАМ.
Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски на вчерашната прес -конференција најави дека во согласност со коалицискиот договор, во септември ЗНАМ ќе преземе дополнителна одговорност со именување заменик-министер во едно од највлијателните министерства во Владата.
Се очекува предлогот за новиот состав на Владата да биде испратен до Собранието до петок, а новиот состав на Владата да биде избран најдоцна до средината на јули.