Пожарникарите од Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле опожарена сува трева во селата Градиште и Долно Којнаре, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според РЦУК, екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенирала во селото Добрача, исто така поради запалена сува трева.