По повод Денот на независноста на Македонија, Општина Куманово ќе организира пригодно одбележување на празникот, на осми септември на малиот плоштад, со почеток во 10 часот.
„Во рамките на свечената програма, во знак на почит и благодарност кон сите кои придонеле за слобода и независност на нашата држава, ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот „Жена борец“. Предвидена е и кратка културно-уметничка програма со пригодни содржини, посветени на одбележувањето 35 години од независноста на Македонија“, соопштија од Општина Куманово.