Започна реконструкцијата на дел од улицата „600“ во село Проевце. Според објавата на градоначалникот Маким Димитриевски, станува збор за обнова на улицата на делот од мостот на реката Кумановка до паркингот на поранешен хотел „Куба“.
„Во работната фаза се изведуваат активности кои опфаќаат машински ископ, дренажа и поставување на бетонски рабници, а следува и асфалтирање на трасата. Работните активности се реализираат со финансиска поддршка од Владата, средства обезбедени од вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проект“, објави Димитриевски.