Соработката со регионот Тирол ги унапреди противпожарните капацитети на Општина Куманово, изјави неодамна градоначалникот Максим Димитриевски потенцирајќи дека досега благодарение на австриската амбасада обезбедени се шест возила.
Во меѓувреме, се градат и гаражи за противпожарни возила во кумановските села Табановце, Клечовце и Орашац. Селото Пчиња како критична точка во однос на пожарите ќе биде опфатено во втората фаза од реализацијата на проектот, најави Димитриевски.