Осумгодишнот Василиј Баневски од Куманово има ретка болест, поради која не може самостојно да се движи. Неопходно му е лекување во странство, но неговото семејство не е веќе во можност да ги покрива трошоците.
Сега на потег се хуманите граѓани.
Василиј е и прв дијагностициран случај во Македонија со дијагноза coffin siris syndrome, а во светот има помалку од 200 слуачи. Болеста му е дијагностицирана на 5,5 годишна возраст.
Сите кои што сакаат да помогнат можат да уплатат средства на трансакциска сметка за донација:
Комерцијална банка АД Скопје,
сметка 300097122043593,
IBAN: MK07300307069411722;
BIC/SFIT CODE: KOBSMK2XKUB.
Активирани се и телефонски линии за донација:
Т- mobile 143-125
A1 143-460.