Советот на општина Куманово в понеделник ќе одржи седница со предложени три точки на дневниот ред.
Советниците ќе расправаат за:
-предлог – програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;
-предлог – одлука за ставање вон сила на одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Куманово за 2025 година бр. 09 – 7441/12 од 05.05.2025 година и
-предлог – одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Куманово за 2025 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.