Соња Тодоровска е нов секеретар на ОО СДСМ во Куманово. За секретар е избрана на првата седница на Извршниот одбор на партијата, која се одржала вчера.
„Тодоровска е долгогодишен член на СДСМ и низ годините има извршувано повеќе функџии во партијата, беше кординатор на Форумот на жени на ОО СДСМ Куманово, член на Централен одбор, член на ИО на Форумот на жени, регионален координатор за ИЕ2 на Форумот на жени. Еден мандат беше советник во Советот на општина Куманово, како и помошник директор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев”. Соња Тодоровска работи како професорка по македонски јазик и литература во кумановската гимназија“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.