Културно – уметничкото друштво „Панче Пешев“ со повеќе активности одбележа сто години успешно постоење.
Јубилејниот годишен концерт на кој настапија сите генерации членови на „Панче Пешев“, од најмладите до ветераните се одржа во НУЦК „Трајко Прокопиев“.
„Членовите на „Панче Пешев” се достојни чувари на македонската културна традиција во Куманово“, истакна на отворањето на концертот, градоначалникот Максим Димитриевски.
Целосната организација по повод еден век постоење е на културно-уметничкото друштво под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на Македонија.