Издавањето на лични документи е вратено во нормала, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој апелираше до граѓаните кои имаат возачки дозволи со старото име на државата да извадат нови, бидејќи старите возачки дозволи ќе важат до крајот на 2024 година.
„Oд оваа недела натаму секој граѓанин кој што ќе поднесе барање за нова патна исправа, возачка дозвола или лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена“, рече Тошковски.