Три возила специјализирани за непристапни терени, нова противпожарна опрема и апликација за рана детекција на пожарите обезбеди Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија за потребите на Територијалните противпожарни единици во Североисточниот регион. Донацијата во вкупна вредност од 21 милион денари е во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, кој се имплементираше преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
„Со оваа инвестиција го намаливме ризикот од ширењето на пожарите и на потенцијалните штети по шумските подрачја при што намален е и ризикот за загадување на животната средина, а зголемена е сигурноста на граѓаните и нивните имоти“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.