Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги израдува најмалите. Со новогодишни пакетчиња ги посетија дечињата од околните кумановски села, додека пак на градскиот плоштад организираа мини хепенинг под мотото „Од младите за најмалите” со пригодна музичка програма со настап на „Ваце Бонга”. Дедо мразот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој предизвика радост и искрени детски насмевки додели повеќе од 150 пакетчиња.