Општина Куманово има потпишано договори за соработка со два колективни постапувачи за отстранување на отпадни (хаварисани) возила на јавни површини на територијата на локалната самоуправа.
Инспекторатот на Општината, освен со колективниот постапувач, акциите за отстранување на отпадните возила ги спроведува во заедничка соработка со Секторот за внатрешни работи Куманово, од каде што по извршените проверки на терен, треба да се достави известување, потврда до инспекцијата дека возилото е отпишано.
Според член 7 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, ОТПАДНО ВОЗИЛО – е возило чија што употребна функција престанала и кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли, вклучувајќи ги и сите негови составни делови и материјали кои во моментот на исфрлање претставуваат дел од отпадно возило.
На последната седницата на Советот беше усвоена одлука за комунален ред за Општина Куманово, која ја образложи Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инсекциски надзор.