Владата донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор заклучно со 30 септември 2026 година.
-Со оваа одлука, трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 отсто, додека пак, трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 проценти. Намалувањето на цените на училишниот прибор е уште еден чекор во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните, како и намалување на притисокот врз семејниот буџет, рече портпаролката Марија Митева во изјава пред Владата по владината седница.