Општинската организација на Црвениот крст од Куманово изминатите денови имаше значајна улога во организацијата и реализацијата на најголемиот спортски настан кој се одржа во нашиот град, Европскиот младински олимписки фестивал 2025.
Со 12 медицински тимови, составени од доктор, парамедик и возач – волонтер, Црвениот крст активно беше присутен на сите спортски натпревари, обезбедувајќи прва помош и медицинска поддршка кога тоа беше најпотребно. Тимовите беа распоредени на настани како што се:
кошарка
планински велосипедизам
друмски велосипедски трки.
„Гордост е да се биде дел од ваков меѓународен настан и да се покаже посветеност, подготвеност и хуманост на дело. Голема благодарност до сите волонтери и медицински професионалци кои беа дел од ова искуство!“, се вели во објавата на Црвен крст.