Четиринаесетгодишната Јана Анастасовска од Атлетскиот клуб Куманово постави нов државен рекорд во категоријата до 16 години, откако на трката на 60 метри со пречки оствари резултат од 10,19 секунди.
Рекордот беше поставен на XIV Меѓународен атлетски митинг „11 Октомври“, кој се одржа на 10 октомври на атлетската патека во Куманово, во рамките на последниот натпревар на отворено од календарот на Атлетската федерација на Македонија со електронско мерење.
„Анастасовска триумфираше во меѓународна конкуренција во дисциплината 60 метри со пречки, во категоријата до 16 години и го подобри дотогашниот државен рекорд од 10,38 секунди“ соопшти Атлетски клуб Куманово.