Кумановката Сања Јовановска, поранешен технички секретар на општинската организација на СДСМ во Куманово денеска на прес -конференција обвини дека претходниот месец под присила од страна на претседателот и секретарот имало обид да и биде одземен клучот од партиските простории каде што била работно ангажирана година ипол.
-Под присила од страна на претседателот Дарко Ристовски и секретарот Соња Тодоровска имаше обид да ми биде одземен клучот од партиските простории каде што бев ангажирана во период од една ипол година. Дали луѓето треба да бидат слепи партиски послушници кои ќе немаат право на глас и ќе бидат искористувани од партијата и во моментот кога ќе го кренат својот глас, ќе завршат како мене? – рече Јовановска.
Случајот е пријавен во полицијата, тврди Јовановска.
Јовановска на прес- конференцијата јавно да му се извини на Ристовски за зборовите кои што му ги упатила на социјалните мрежи.
Видеото по вестите во 18 часот.