Гимназијалците од „Гоце Делчев“ утре ќе ја играат претставата „Љубовен мјузикл“ во Занаетчискиот дом.
Станува збор за претстава на училишниот оркестар „Симфониум“ на кумановската гимназија, а по сценарио на наставникот по музичка дејност, Филип Петровски.
Претставата „Љубовен Мјузикл“ средношколците ја изведуваат четрвта година по ред, а настапот утревечер ќе биде јубилеен, 50-ти на училишниот оркестар.
Влезот за претставата, која е со почеток во 19 часот и 30 минути е слободен.