Ќе се гради атмосферска канализација на малиот плоштад чија реконструкција во моментов е во застој, информираа деновиве надлежните. Предвидени се измени бидејќи при реконструкцијата утврдено е дека малиот градски плоштад имал каналети, но никогаш во минатото немал атмосферска канализација поради што проектот е преработен. Според електронскиот систем за јавни набавки општината од буџетот за реконструкција на плоштадот одвои над 47, 5 милиони денари (47.548.100,00 денари) и избрана е скопската компанија „Ленди Груп ДООЕЛ“.
Во меѓувреме, советниците на последната седница ги изгласаа предлог- измената и дополнувањето на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2024 година и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за годинава.
На оваа тема повеќе детали од помошникот раководител на Секторот за комунални работи во општина Куманово, Момчило Јовановски.