Бројни добивки и забава пред Среќната куќичка на Лотарија

Кумановци денеска имаа можност на Зелениот пазар, но и на градскиот плоштад пред Среќната куќичка да се запознаат со игрите на среќа кои што ги нуди Државната лотарија на Македонија. Со нив во текот на денот се забавуваше Маријана Станојковска, но и екипата на Нема љутиш.

-Имаме промоција на инстант лозовите тука е паркиран и атрактивниот Џип Компас главната премија од инстант лозот Биди Вип вози џип. Кога сме кај овој инстант морам да напоменам дека првиот Џип Компас се вози низ улиците на Куманово. Поздрав до среќниот добитник, но и до сите останати кои ја освоија оваа главна премија, се надеваме дека 10-от џип ќе се вози токму во Куманово. Пуштам среќа од нашето среќно место им посакувам среќа на сите играчи. Владее фантастична атмосфера, има голем број на верни играчи кои се дел од игрите на среќа, некои за прв пат гребат грепки, уплаќаат лото но владее една одлична атмосфера убава дружба и така ќе биде до крајот на денот-истакна Марјана Станојковска.

Кумановци посочија дека редовно уплаќаат ново лото 7, но и купуваат грепки. Неколкумина се пофалија и од одлични добивки.

-Задоволен сега чекам поголема добивка да падне, лото уплаќам редовно, можеби веќе 10 години. Има зависи среќата каква е-вели еден кумановец.

-Редовно играм, задоволен сум сега штотуку изгребав 5.000 денари. запознаен сум со новото лото 7, со црвеното топче, секогаш имам 4-ка, поголема е добивката-дополнува уште еден кумановец.

-Скоро добив 6-ка 10.400 денари, играм редовно и сега ги носам вчера ги зедов уплатите, играм и лото и џокери-изјави трет кумановец.

Со купување на три грепки, кумановци учествуваа и во наградната игра на Државната лотарија на Македонија.

Коментари

коментар(и)