(ФОТО) Одлични резултати за атлетичарите од „Крсте Мисирков“ на светско

Со одлични резултати, лични рекорди, но и нови искуства и пријателства се вратија  учениците од основното училиште Крсте Мисирков, кои се натпреваруваа на екипно училишно светско првенство во атлетика, кое се одржи во Спилит, Република Хрватска.

Натпреварите се одржаа од 13-ти до 19-ти мај, а ОУ „Крсте Мисирков“ беше единствен претставник на државата. Директорот на училиште Александар Јовановиќ, исто како и наставниците Филип Колески и Југослав Спасиќ истакнаа дека се горди на учениците кои достојно го претставиле градот.

-Нашето училиште се пласираше на високото 25-то место во конкуренција во која учествуваме во 2004 година а  нашите ученици се родени во 2001 година и затоа и освоивме високо место. Агендата беше полна, имаше доста активности во овие седум денови иако бевме сместени во местото Трогер и натправарите за штафетата пријателство, покрај натпреварувачките дисциплини, учествуваме и во културно забавниот живот, штафетата на пријателство ја трчавме сите заедно со другите нации-истакна Јовановиќ.

Освен на натправарите во Сплит учествувале и на културна промоција на општината. Преку видео пред настапувачите од светот ја презентирале и опсерваторијата Кокино.

Наставниците по физичко образование истакнаа дека се задоволни од својата екипа. Во тимското првенство учениците од нашиот град, се натправарувале и во дисциплини кои што ги нема во Македонија, но сепак постигнале одлични резултати.

Повеќето во овие дисциплини ги нема на државното училишно првенство во Македонија и се спремавме малку поспецифично, такви дисициплини се трка со пречки, трискок и други што се необични, како и фрлачки, настапивме доста успешно, пред тоа настапивме на нашето државно првенство каде успеавме да добиеме индивидуално злато, сребно, две четврти места и тимско четири златни медали во штафета 4х100 метри. Можам да кажам дека остварија лични рекорди, 9 израмени или лични рекорди на некој од нив ова им е само второ натпреварување што е супер, и генерација што е 2004, тоа е како основно да настапува со средно училиште. Нашите ученици се носеа со оние повозрасните-посочи тренерот Филип Колески.

-Можам да кажам дека настапивме во извонредна форма што покажаа и резутлатите. Добро ги распоредивме нашите дисциплини и нашите спортисти со нетипични дисциплини за првенството во Македонија и тоа донесе скоро двојно повеќе поени од 2013 година кога настапивме во Карлови Вари. Покрај лични рекорди Иван Видановиќ го освои 3-то место во својата група на фрлање на ѓуле од 5 км, и беше јавно истакнат што нормално на секој тренер, директор, наставник или родител му е чест и гордост да биде прочитан на едно светско натпреварување и мислам дека тие се главните работи кои мора да ги истакнеме-дополни тренерот Југослав Спасиќ.

Учениците истакнаа дека ова светско првенство ќе го помнат целиот свој живот.

-Јас сум многу горд што бев на ова светско првенство, морам да кажам дека имавме добра дружба со останатите атлетски федерации и направив според мене добри резултати истакна Матеј Митровски.

-Ова беше мое прво учество на некое светско првенство и многу сум задоволен од мојот рекорд. Со Теофил Соновски учествуваме во дисциплина фрлање на ѓуле од 5 кг и со моето фрлање од 9,72 метри бев многу задоволен и го освоив третото место во мојата категорија и тоа ми е личен рекорд. Ова светско првенство ќе го паметам за цел живот-нагласи Иван Видановиќ.

Основното училиште „Крсте Мисирков“ веќе доби покана за учество во следното светско првенство кое ќе се одржи во Турција. Од училиштето се надеваат дека тогаш ќе можат да заминат и со женска екипа. Делегацијата изрази благодарност за поддршката која што ја доби од градоначалникот и Општина Куманово, Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, Агенцијата за млади и спорт, приватните стопанственици од градот, како и од родителите и колегите.

Коментари

коментар(и)