(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ со пораки до младите, администрацијата, пензионерите

Со проект за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и негово поврзување со автопатот, со изградба на неколку катни гаражи и кружни текови на повеќе крстосници, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе го решаваат сообраќајниот метеж и недостигот од паркинг простор во градот.

-Наместо, како што ветуваат со години, изградба на катни гаражи, проширување на  постоечките улици во центарот на градот, пробивање на нови улици, олеснет  проток на возилата низ градот, добивме тотален хаос и секојдневни сообраќајни гужви кои го блокираат Куманово. За зголемување на протокот на возила и анулирање на застојот во сообраќајот, како и за зголемување на сообраќајната сигурност ќе изградиме кружни текови на повеќе крстосници, приоритетно на крстосницата помеѓу булеварите „3-та МУБ“ и „Октомвриска револуција“, на „3-та МУБ“ кај Зелениот пазар и влезот во град Куманово од магистралниот пат Куманово – Свети Николе. Ќе ја прошириме улицата „Гоце Делчев“ за уште една коловозна лента, со цел да се растовари сообраќајниот метеж во центарот на градот. Истото ќе се изведе со скратување на дел од тротоарите од двете страни на таа улица, рече Бобан Николовски, кандидат за советник од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“

Ова се само дел од проектите кои ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира откако ќе ја добие довербата на граѓаните. Во пресрeт на локалните избори, Николовски денеска со пораки до три целни групи, младите, вработените во општината, јавните претпријатија, државната администрација и пензионерите.

Николовски ги повика граѓаните в недела да излезат на избирачките места и да дадат поддршка на нивниот кандидат за градоначалник Тони Михајловски и советничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Коментари

коментар(и)