(ВИДЕО)Гимназијата – домаќин на Еразмус + проект

Гимназијата „Гоце Делчев“ е домаќин на третата мобилност од Еразмус +проектот „ Активни граѓани во Европа“ во кој се вклучени наставници и ученици од Македонија, Италија, Данска, Романија и Турција. Тема на третата средба од проектот е „Безбедност и заштита на интренет“, информира координаторот Јасмина Денковска од гимназијата „Гоце Делчев“.

-Сега моментално се присутни колегите од Данска, Турција и од Романија. Од Италија учениците и наставниците не беа во можност да дојдат поради пандемијата поради тоа што одредени протоколи не им дозволуваат да бидат присутни. Инаку, ова е трета средба од оваа мобилност, првата беше во Турција, втората во Романија и сега во Куманово. Тема на овој проект односно на оваа средба е „Безбедност и заштита на интернет“, значи нашите ученици правеа многу презентации, видеа, истражувања, имаше многу работилници во кои што беа вклучени повеќе ученици и наставници. Тие се веќе задоволни, денеска ни е втор работен ден, имаме уште три работни дена од оваа мобилност, утре сме во посета на Скопје, во четврток во Охрид и во петок повторно ќе работиме во гимназијата. И нашите ученици се многу задоволни, гостопримливи, денеска имаше прекрасна богата трпеза која што ја подготвија нашите ученици со нивните родители, имавме и музички настапи и точки од оркестарот во нашето училиште, мислам дека многу убаво се претставивме, изјави Јасмина Денковска, координатор на проектот

Наставниците и учениците претходно остварија средба со Секретарот на општина Куманово и претседателката на Советот на Општината на која се разговараше за активностите, искуствата и очекувањата од овој значаен проект.

Во рамките на проектот „ Активни граѓани во Европа“ остануваат уште две мобилности во Италија и Данска, кои би требало да се реализираат напролет. Имплементацијата на проектот започна во 2019-та година, а се планира да заврши до крајот на оваа учебна година.

 

Коментари

коментар(и)