Следната година нови возила во четирите претпријатија

Општина Куманово потпиша договори со три компании кои наредната година треба да ги достават дванаесетте возила наменети за четирите јавни претпријатија. Средствата општината ги обезбеди преку дологорочно домашно задолжување, со договор под заем со Министерството за финансии, во рамки на средства обезбедени со проект подобрување на општинските услуги со заем од Светска банка.

-Целата постапка евалуација на проектот беше спроведена од страна на експертите од светска банка. Ги потпишавме договорите, се работи за опрема која што ја добавуваат три компании, едната опрема е работни машини, робокопачи, втората опрема е камиони со опрема за зимско одржување и третата е за опремување на ЈП Куманово Паркинг и Куманово гас тековно одржување на возила и специјално возило пајак. Некаде согласно договорот би требало да бидат испорачани до крајот на септември – октомври 2022 година а во следниот  период ќе следи уште една тендерска постапка за реализација на проекти од 20 проценти од грант средства за кои аплициравме со специјално возило цистерна за летно одржување на улиците и вршење на дополнување со вода како полуподземни контејнери и специјално возило за подигање на полуподземните контејнери-истакна градоначалникот Максим Димитриевски.

Одлуката за задолжување лани ја донесе Советот на Општина Куманово. Заемот е еден милион евра, со каматна стапка од 1 евро, а времетраење на заемот од 13 години. Општината добива неповратни средства во висина од 20 проценти од износот.

 

Коментари

коментар(и)