Штипјанец управувал возило со фалсификувана дозвола

Утринава во 10.05  часот во село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода J.И.(50 години) од Штип.

При преглед и извршена сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило  „Фолксваген“ со штипски регистарски ознаки со фалсификувана возачка дозвола, информира полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)