(ВИДЕО)ЈП „Водовод“ работи со добивка

Јавното претријатие „Водовод“ врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието, бележи добивка во првите девет месеци од годината во износ од 3.100.000 денари. Од овие средства, 2.900.000 денари изнесува добивката која произлегува од работењето на претпријатието само во периодот од 01 јули до 30 септември годинава, што пак значи дека речиси целата добивка е од работењето во последните три месеци, вели претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Валентина Младеновска. Образложувајќи го извештајот пред советниците, Младеновска рече дека за првите девет месеци јавното претпријатие „Водовод“ ги намалило приходите за околу 1.600.000 денари, во однос на истиот период претходната година, но и расходите за околу 31 милион денари во првите девет месеци.

– Во финансиските извештаи за првите девет месеци искажало намалување на приходите од околу 1.600.000 денари, во однос на истиот период 2020, година, односно од 01.07. до 30.09 .2021. Комисијата констатираше дека јавното претпријатие во финансиските извештаи искажало помалку приходи за околу 1 милион денари во однос на истиот третиот квартал 2020. Во првите девет месеци расходите се намалени за околу 31 милион денари, што во најголем дел се должи на непостоење на расход за камата за кредитот на Европска банка за развој, кој што е вратен во 2020 година, додека за периодот 01.07. – 30.09. има зголемување на расходите за околу 2 милиона и 300.000 денари во однос на третиот квартал 2020 година. Најголеми зголемувања кај расходите се искажани кај поштенските, телефонските и интернет трошоците, кај останатите трошоци на вработените и кај надоместоците на трошоци на вработените. Обврските кон добавувачите на 30.09. 2021 година се намалени за три милиони денари, а побарувањата од купувачите на 30.09.2021 година се зголемени за 16 милиони денари во однос на 30.09.2020 г. Во извештајот е наведено дека обврските по основ на плати и придонеси се подмируваат во рамките на финансиските можности, а дека обврските по основ на сите даноци се плаќаат во моментот на нивното настанување, рече Валентина Младеновска, советник ВМРО -ДПМНЕ

Советничката Елена Доцевска – Божиновска истакна дека „Водовод“ работи домаќински, односно нема издвоено ниту денар за ставката за дневници, службени патувања, ноќевања и патни трошоци, како во првите девет месеци од годинава, така и во изминатата година.

-Сакам да го потенцирам делот односно ставката за дневници, службени патувања, ноќевања и патни трошоци, што е за пофалба, со оглед на тоа што за девет месеци немаат издвоено ниту денар како во 2020. така и во 2021 година. Лично сметам дека токму вака треба да сед работи, заради економската сосотјба во која се наоѓаат јавните претпријатија и државата, да се работи домаќински и да се води сметка таму каде што нема потреба да се одлеваат средства од граѓаните, истите да не се одлеваат. Делот за трошоци за репрезентација, исто сакам да го потенцирам како светол пример, од причина што за 9 месеци се потрошени 47.000 денари споредбено со претходната година скоро исто, 47.831 денар. Треба да се обрне внимание на поштенски, телефонски услуги, интернет, споредбено има големо отстапување споредбено со претходната година за три месеци биле 309.000 денари оваа година се милион и сто денари, сугестија само да се да се внимава на тие ставки каде што може да се заштеди максимално да ги штедиме парите на граѓаните и истите да ги пренасочиме за решавање на проблемите кои што се од интерес на граѓаните, Елена Доцевска-Божиновска, советник ВМРО-ДПМНЕ

-И на Комисијата кажав дека во 2018 година имавме договор со пошта, кој што еднократно од нивна страна беа зголемени услугите за над 100 проценти. Од 12 денари добивме цена од 25 денари, добивме три фактури за истиот тој период кои што беа со новите цени во износ од  500.000 денари, истите фактури ги вративме. Корегирани фактури значи добивме во ова тримесечје, во седмиот месец и тие се прокнижени во овој финансиски извештај. нема никакво зголемување, туку станува збор за оние фактури кои  што биле вратени во 20218-та година, Оливер Стојмановски, директор на ЈП „Водовод“

Коментари

коментар(и)