Измамници во име на Пошта бараат пари за подигање на пратка

АД „Пошта“  не испраќа пораки на социјалните мрежи за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка, соопшти „Пошта“ откако голем број граѓани на своите профили добија порака дека треба да подигнат пакет за што треба да платат одреден износ.

Оттаму објаснуваат дека Пошта не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во нејзино име е класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

Коментари

коментар(и)