Приведени двајца дилери затекнати при пакување наркотици

Полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје синоќа во 21.30 часот  лишиле од слобода 22 -годишно момче од селото Тромеѓа и 19 -годишно лице од Куманово.  При претрес во домот на лицето од Тромеѓа, извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба. Притоа, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)