СВР Куманово со успешна крводарителска акција

Голем интерес од припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово за третата крводарителска акција годинава согласно Годишниот план и програма на МВР. Според началничката на Отсекот за превенција, Виолета Богдановска и денешната акција за дарување на крв е успешна, како и неколкуте претходни, а според неа, за пофалба е тоа што се поголем број  припаднички на СВР Куманово се одлучуваат доброволно да даруваат крв надевајќи се дека ќе спасат нечиј живот.

– Секоја година спроведуваме по три акции со нашите вработени. Вообичаено во тек оди денешната активност. Очекуваме околу 40 крводарувања со оглед на севкупната ситуација со здравствената состојба. Инаку, за разлика од она порано што беше само машките припадници на МВР даруваа крв, сега и жените се во доста голем број крводарители, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција во СВР Куманово

-Кога организира крводарителска акција СВР Куманово секогаш заинтересираноста е голема, така е и денес. Досега имаме задоволителен број на крводарители кои што дојдоа и се надевам дека до 15 часот ќе дојдат уште дарители на крв, изјави д-р Елена Николиќ , Трансфузиологија Куманово

Волонтерите од Црвен крст Куманово со апел до граѓаните, особено помладата популација да бидат дел од акциите за дарување на крв.

-Црвен крст е вклучен во секоја крводарителска акција која се организира на територијата на Куманово. Ги повикувам сите граѓани кои што се чувствуваат здраво и кои можат да даруваат крв да го направат тоа денеска до 15 часот, изјави Филип Илиев , ОО Црвен крст Куманово

Последните две крводарителски акции што ги организира СВР Куманово се одржуваат во просториите на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Коментари

коментар(и)