СДСМ: Куманово го враќа сјајот на спомен обележјата

„Куманово, полека но сигурно почна да се менува и да го враќа сјајот на своите најважни објекти и спомен обележја кои се синоним кога ќе се спомне градот “ , рече на денешната прес-конференција Дејан Стојановски од општинската организација на СДСМ во Куманово говорејќи за спортските објекти вратени во владение на општината, Спортската сала и Соколана. Стојановски го презентираше и проектот за уредување на комплексот кај Спомен Костурница.

-Согласно проектот, предвидено е изградба на амфитеатар на постоечкото игралиште, изградба на три нови спортски терени, трим патеки за пешачење и трчање, поставување на опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување, дополнително озеленување со нови садници. Проектот се предвидува да заврши во мај 2021 година. Новиот лик кој ќе се даде на споменикот Костурница ќе значи враќање на рекреацијата и семејните прошетки кои им недостигаат на кумановци. Освен споменик Костурница, министерството за култура заедно со Националниот конзерваторски интервенции на црквата Св.Богородица во Матејче за ова културно добро да се заштити од влијанија во зимскиот период, изјави Дејан Стојановски, ОО на СДСМ Куманово

Стојановски посочува дека локалитетот во Матејче датира од средниот век и е од големо значење за Куманово, но и за целата држава. „Со соодветна грижа, Матејче повторно ќе биде убаво место за излетниците и љубителите на природата и културните добра“ , потенцираат од СДСМ.

Коментари

коментар(и)