Спасовски: Во новата програма на Владата младите се опфатени преку таргетирани политики

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше и се обрати на конференцијата „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“.

Спасовски истакна дека повеќе од јасно е дека пред системот, пред институциите, пред носителите на одлуки се исправува нов и специфичен предизвик што наметнува неопходно барање на соодветен и ефикасен одговор на проблемското прашање: како да се задржат и мотивираат младите да го најдат своето место под сонцето. Односно, како тие да се етаблираат во реален, објективен фактор на општествениот опстој и напредок.

Во претходниот мандат започнавме со програмата „Младинска гаранција“, а при креирањето на Владините мерки за поддршка на стопанството и граѓаните во услови на вонредна состојба предизвикана од ширењето на вирусот КОВИД-19 воведовме три типа на парична поддршка за младите во Северна Македонија преку платежни картички и ваучери, вредна 12 милиони евра, со цел нивно полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на нивото на ученичкиот и студентскиот стандард, како и на куповната моќ.“ ги акцентираше Спасовски досегашните политики кои Владата ги проектираше за задржување на младите дома.

Тој потенцираше дека во новата Програма на Владата 2022-2024, младите се опфатени преку таргетирани политики со кои се овозможува нивна извесна и сигурна иднина. Така, предвидена е поддршка за секое вработено лице до 29 години кое ќе се вработи за првпат, за сите кои не сѐ уште не развиле вештини за вработување да го сторат тоа преку пракса, предвиден е поврат на персонален данок на доход за сите нововработени млади под 30 години, предвидена е поддршка во отварањето на младинските центри и локалните младински совети, со цел вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки и зголемување на капацитетите на младите луѓе, политики за младите лекари, поддршка за младите земјоделци и дигитализација на сите нивоа.

Коментари

коментар(и)