Со акредитација ќе се следат седниците на Советот

Во иднина кумановските новинари ќе мора да се акредитираат доколку сакаат да ги следат седниците на Советот на Општина Куманово. Оваа новост на новинарите, денеска им ја соопшти претседателот на Советот, Максим Димитриевски, кој истакна дека ова се прави со цел да се надмине проблемот со недостаток на места за седење и воедно да се подобрат условите за работа. Тие се согласија дека за разлика од минатото има значителен напредок за следење на седниците, но…

Read More

Во Пелинце започна 41-та Меѓународна ликовна колонија

Во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце од вчера започна традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2015“. На 41-то издание на колонијата учествуваат 13 автори од Србија, Романија и Македонија. Организаторите и годинава очекуваат плодна продукција на уметниците, што ќе значи потврда за успешноста на оваа колонија.
-Низ овој простор на ликовната колонија поминале врвни ликовни уметници и благодарение на нив ова е една од најбрендираните колонии во Макеоднија. После тоа се формираа низа колонии, меѓутоа оваа останува…

Read More

Живот без струја и пари

Четиричлено семејство од селото Старо Нагоричане четири месеци е без струја во својот дом.  40 годишната Виолета Додевска е самохрана мајка со три малолетни деца. Свеќата е единствениот извор на светлина кај нив во вечерните часови. Причината за исклучувањето била заостанат долг од околу 3.000 евра кон ЕВН.
-Груевски пола долгот ми го отпиша, уште 1.400 евра имам долг, ми рекоа во ЕВН 1.000 евра да внесам за 3 дена и уште 400 евра, јас ги…

Read More

Матурантите полагаат државна матура

Од денеска до петок во средното стручно училиште Перо Наков ќе се полагаат екстерните испити од државната матура во августовскиот испитен  рок. Матурантите од Куманово, Липково и Крива Паланка кои не положиле во јуни или пак биле спречени да се јават на испитот денеска го полагаат мајчиниот јазик, а воедно имаат можност да добијат  диплома за положена државна матура.
-Ќе полагаат училиштата од Куманово Гоце Делчев, Перо Наков, Наце Буѓони и Сами Фрашери, потоа гимназијата Исмет…

Read More

Ќе проработи Центар за ран детски развој

Првиот приватен Центар за ран детски развој во Куманово денеска го доби решението за отпочнување со работа. Од вкупно 15, ова е трет приватен центар во државава кој е наменет за децата од предучилишна возраст , а за дел од вработените ќе бидат искористени  поволностите на владините мерки за вработување, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
– Особено е битно да се спомене  дека многу голем број од овие приватни субјекти ги користат…

Read More

Во „Боро Менков“ одбележан Денот на АРМ

Во касарната „Боро Менков“ утринава со воена свеченост единиците од гарнизон Куманово го одбележаа 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија. Во чест на 23-годишнината од формирањето на АРМ присутните имаа можност да се запознаат со опремата со која што располагаат единиците, како и да го проследат предавањето на стројот на командантот на гарнизон, одавање на почит на загинатите борци за Македонија, и загинатите борци и припадници на АРМ. За формирањето на Армијата и досегашните…

Read More

Мигрантите прават штета во Табановце

На ваков однос утринава наиде екипата на Телевизија Плус, откако по реакција на мештаните на Табановце дека секојдневно имаат проблеми со агресивните беглаци, се обиде да поразговара со нив. Телевизија Плус беше сведок дека неколкумина мигранти, кои се наоѓаа во близина на железничката станица освен што се обидоа физички да се пресметаат со снимателот, дури и крадеа од овоштарниците кои што се наоѓаа во близина. Жителите на Табановце, а особено на маалите Чивлак и Сланиште,…

Read More

Јавен повик за проектот за енергетска ефикасност

Преку проектот за енергетска ефикасност, енергетски ќе бидат заштитени зградите во централното градско подрачје чии што станари 100 процентно се одлучиле да ги променат  прозорците и балконските врати за да дојде до израз фасадата и кровната конструкција. Исто така еден од условите е и регулирана сопственост на становите која заинтересираните во изминатиот период  можеа да ја завршат преку постапката за приватизација, вели Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции. Станарите кои сакаат да се вклучат во…

Read More

Завршуваат подготовките за ликовната колонија „Куманово“

Од 18-ти до 27 август ќе се одржи 41 –та по ред ликовна колонија „Куманово“ во спортско рекретивниот центар Пелинце.  Досега се пријавиле десетина ликовни уметници од  Македонија, Србија и Бугарија, а се чека на потврда за учеството и на ликовен уметник од Република Српска, вели Цоки Ристовски од Секторот за култура.
-Има некои уметници кои учествувале на оваа колонија пред околу десетина години, нема уметници од минатата година, ние сакаме да не ни се повторуваат…

Read More

На пеколни температури, кумановци без вода

Населбите во повисоките зони од Куманово на близу 40 степени целзиусови немаат вода и по неколку дена. Граѓаните мака мачат ноќе да ги наполнат  бурињата и пластичните шишиња за да можат колку толку да функционираат. Тие велат дека и кога водата ќе дојде, притисокот е многу слаб поради што машините за перење алишта и бојлерите не можат да ги користат.
-Месец дена нема редовно вода, ноќе дојде, дење ја нема, ако станеш ноѓе да наполниш шишиња…

Read More
1 928 929 930 931 932 936