Педстотини илјади денари од буџетот на Општина Куманово ќе бидат донирани за помош на семејствата погодени од поплавите, кои го зафатија тетовскиот регион, беше одлучено на денешната вонредна седница. Освен парична помош Општината планира да испрати своја механизација и цистерни со вода, за да помогне со водоснабдувањето и чистењето на улиците во поплавените подрачја. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека Куманово е град на солидарност и хуманост, а тоа го докажа со претходно дадената поддршка за…
Read MoreРотатор
Граѓаните вознемирени од пукањата од ловната сезона
Пукотниците од огнено оружје, кои викендов ги вознемирија граѓаните на Куманово не се од вооружени дејствија или семејни веселби, туку поради ловната сезона на прелетен дивеч. Од ловечките здруженија во градот објаснуваат дека сезоната за лов на птици започнала од први август и ќе трае до 31 март наредната година, а се одвива во законски определени ловишта. Термините за лов се од шест до десет часот наутро и од петнаесет до деветнаесет часот навечер. Тие…
Read MoreМештани го блокираа приодот кон Романовце
Жителите на Романовце утринава повторно го блокираа селскиот пат на надвозникот на автопатот Куманово-Скопје, барајќи фирмите кои се сопственици на сепарацијата и асфалтната база во Романовце и каменоломите во Краста да им го асфалтираат патот. Претседателот на месната заедница, Орхан Ахмети вели дека најголем проблем им претставува прашината која што се крева од товарните возила, а завршува на производите во нивните ниви.
-Веќе една недела има блокада овде под мостот за влез и излез од Скопје,…
Read MoreНаместо справување со последици- превенција од поплави
Североисточниот регион иако беше зафатен од поголеми електромагнетни празнења кои што во одредени делови донесоа слаби врнежи од дожд сепак не предизвикаа пореметувања на нивото на водите во реките односно не дојде до излевање на речните корита, велат надлежните од Центарот за управување со кризи после вчерашните поројни дождови низ државава .
-Иако е потребно дождот е секогаш потребен после долгиот период на сушата особено во земјоделието како една од агромерките мегутоа сепак од разговорите што…
Укшини бара оставка од Стојковски
„Куманово ќе има проблем со вода, се додека Горан Стојковски е директор на јавното претпријатие „Водовод“, тврдат од Кумановско-липковско поле. Затоа бараат тој да си поднесе оставка, а тие ветуваат дека проблемот со водоснабдувањето на градот ќе се реши за 5 дена.
-Нека поднесе оставка за максимум пет дена проблемот со вода ќе се реши, бидејќи новиот директор најверојатно ќе менаџира поубаво. Јас потенцирам доколку за 24 часа Горан Стојковски поднесе оставка Куманово ќе си има…
Продолжуваат ископувањата на локалитетот Градиште
Продолжуваат археолошките ископувања на локалитетот Градиште во близина на селото Младо Нагоричане, поточно покрај магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Истражувањата кои започнаа минатата година со финансиска поддршка на Министерството за култура, покажаа дека се работи за многу значaен и интересен локалитет, кој што е прв од ваков вид во регионот. Според археолозите се работи за град од раноантичкиот период односно од 4-ти или 3-ти век пред новата ера. Градот имал свои издигнувања и падови, но најголемото…
Read MoreВо Пелинце се одбележа Илинден
Со пригодна свеченост во Пелинце, се одбележа 71 година од Првото заседание на АСНОМ и 112 години од Илинденското востание. Пред меморијалниот центар, цвеќе положија делегации од Собранието, Владата, кабинетот на претседателот, генралштабот, Сојузот на борци, општините Куманово, Старо Нагоричане, Град Скопје, претставници од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и останатите политички партии, како и бројни граѓани.
Пред присутните се обрати претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, кој истакна дека Илинден е најголемото што и се случило на Македонија…
КУД „Ѓоко Симоновски“ за Илинден во Петралица
По повод 2-ри август, Илинден, КУД „Ѓоко Симоновски“, при Здружението на пензионери, со едночасовна програма ќе настапи на манифестацијата, која што ја организира црковен при село Петралица, во општина Ранковце. Пред тамошната публика кумановските пензионери ќе се претстават со хор, солисти, дуети, и фолклор.
-Неуморни сме на други места каде што учествуваме, на републички, регионални ревии, велат идат кумановци, тие се како шлаг на торта, заради тоа што ние сме едно од најдобрите здруженија, единствени што…
Во државата ќе се одбележат двата Илиндена
Државата утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена, односно 112 години од почетокот на Илинденското востание, и 71 година од Првото заседание на АСНОМ.
По тој повод на свечената манифестација во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, ќе присуствува претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.
Манифестацијата е закажана за 10 часот, но од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните кои што ќе присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар да пристигнат до 09,00 часот, бидејки поради присуство на ВИП гостите…
Се одржа „Бдеење на кокински мугри“
На мегалитската опсерваторија Кокино, рано утринава се одржа традиционалната манифестација насловената „Бдеење на кокински мугри“.
Приказната за Кокино пред присутните ја раскажа актерот Тихомир Стојановски, кој наведе дека настанот е реконструкција на паганскиот обред,кој што симболизира славење на светото спојување на небото и земјата.
Имено праисториските жители го практикувале обредот за циклично обновување на природата, со што всушност се поклонувале на небеското божество Сонцето и големата божица Мајка.
Манифестацијата со своето присуство ја збогатија и поети од Друштвото…