Повредени двајца во сообраќајна незгода

Повредени двајца во сообраќајна незгода

Во сообраќајна незгода која се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе повредени се две лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.
Според МВР, вчера околу 13 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на с.Габреш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 57-годишен жител на Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано 34-годишен кумановец….

Read More

Работна средба на ЛЕСС-Куманово

Работна средба на ЛЕСС-Куманово

Членовите на Локален економско-социјален совет-Куманово вчера одржаа работна средба во просториите на Општина Куманово. На средбата беа презентирани досегашните предвидени активности и понатамошните чекори на ЛЕСС. За претседавач е избран Најден Бајдевски, заменик е Миле Спасовски, а нов член на овој состав е Ивана Ѓорѓиевска.

Read More

Ќе се реконструира СОУ „Перо Наков“

Ќе се реконструира СОУ „Перо Наков“

Во средното училиште  „Перо Наков” вчера се одржа средба помеѓу претставници од училиштето, Министерството за образование и наука и Секторот за образование при Општина Куманово. Целта на средбата беше потпишување на Договор-Вовед во работа за започнување на реконструкција на ова општинско средно училиште, согласно проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта”. Оваа проектна активност вклучува: реконструкција на енергетска фасада, тоалети за ученици со посебни потреби и дел од надворешна и внатрешна столарија.

Read More

Jавна дебата со граѓански организации и фондации

Jавна дебата со граѓански организации и фондации

Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со УНДП за  проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD2)”, кој во наредните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиско опкружување за граѓанските организации . Во рамки на програмата општината започна со реализација на активности.
Општина Куманово ги…

Read More

„Куманово гас“ ја проширува дистрибутивната гасоводна мрежа

„Куманово гас“ ја проширува дистрибутивната гасоводна мрежа

Јавното претпријатие „Куманово гас“ почнува со изградба на нова дистрибутивна гасоводна мрежа на улица „Моша Пијаде“. Мрежата ќе се движи од Рiano Prestige до клучката со булеварот Октомвриска Револуција во должина од 1.1 километри.
-Создаваме технички услови за приклучување на колективни станбени згради и индивидуални куќи за домување кои што гравитираат на наведената локација-се вели во соопштението.

Read More

Над 40 возачи санкционирани за непропуштање пешаци

Над 40 возачи санкционирани за непропуштање пешаци

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, при што се санкционирани 41 возач. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат  и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

Нормална состојбата со браните Глажња и Липково

Нормална состојбата со браните Глажња и Липково

Нема опасност од прелевање на браните Липково и Глажња по обилните врнежи што го зафатија кумановскиот регион, информираат денеска надлежните.
– Во комуникација со претставник на ЈП „Водостопанство Кумановско – Липковско поле“ сме информирани дека состојбата со хидроакумулацијата во браните Липково и Глажња е нормална, односно има доволен простор за прием на вода од водотеците, стои во соопштението на Регионалниот центар за управување со кризи.
Оттаму потенцираат дека моментално браната Глажња има 8.5 милиони м3 вода, а…

Read More

ВИДЕО: Основците на ревија на народни носии

ВИДЕО: Основците на ревија на народни носии

Ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци “ и „Карпош“ од Умин дол денеска имаа можност да ја проследат ревијата на народни носии од различни етнички предели во Македонија, во организација на Центарот за истражување и одржување на традицијата „Етно фолк студио“.  Како што истакна претседателот на ансамблот, Перица Димковски станува збор за автентични носии за свечени прилики кои што биле карактеристични за крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Претставени беа десетина носии, меѓу…

Read More

ВИДЕО: Намален броj заболени и хоспитализирани, но послаб и интересот за вакцинација

ВИДЕО: Намален броj заболени и хоспитализирани, но послаб и интересот за вакцинација

Значајно е намален бројот на хоспитализирани во кумановската болница. Истовремено е намален и бројот на новозаболени од коронавирусот. На двата оддели, во модуларната болница и на инфективно се лекуваат 38 пациенти. За 50 проценти е помал и бројот на прегледи во дневната амбуланта.
Согласно статистиката Куманово повеќе не е меѓу трите градови со најголем број на позитивни случаи. Според вчерашната статистика на Министерството за здравство, активни на вирусот во моментов се 156 лица.
На пунктот на Здравствениот…

Read More

Жител на Отља пријавил дека му се запалило возилото

Жител на Отља пријавил дека му се запалило возилото

Жител на село Отља, Општина Липково вчера во СВР Куманово пријавил дека настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, информира полицијата.
Екипа од СВР Куманово  извршила  увид на место на настанот.

Read More
1 301 302 303 304 305 769