Без нови случаи на ковид изминатото деноноќие

Без нови случаи на ковид изминатото деноноќие

Министерството за здравство дека во последните 24 часа регистрирани се  82 нови случаи на КОВИД-19. Меѓу градовите не е Куманово.
Регистирани се позитивни лица од  Скопје -61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.
Евидентирани се и 265 оздравени пациенти, меѓу кои 5 од Куманово. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се и 8 починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 5.539, од кои 170…

Read More

Пожарникарите интервенирале на опожарен оџак на зграда

Пожарникарите интервенирале на опожарен оџак на зграда

Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово последниве 24 часа бележи интервенција на опожарен оџак.
Во единицата било пријавено дека околу 20 часот е опожарен оџак во станбена зграда на улицата Народна револуција. Интервенирано е со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, стои во дневниот билтен од РЦУК.

Read More

(ВИДЕО) Се излеа Крива река во селото Довезенце

(ВИДЕО) Се излеа Крива река во селото Довезенце

Во селото Довезенце поради обилни врнежи од дожд вчера се излеала Крива река, а во селата Коинце и Пчиња од надојдената вода се насобрале гранки од дрвја и отпад под мостовите кои го отежнувале протокот на водата под т.н. Коински мост и мостот во селото Пчиња, информираа утрово од Регионалниот центар за управување со кризи. Според извештајот на РЦУК,  Крива река се излеала од речното корито во близина на куќите и помошните објекти во селото….

Read More

61-годишен кумановец приведен, полицијата пронашла кутии со петарди

61-годишен кумановец приведен, полицијата пронашла кутии со петарди

Полицијата приведе 61-годишен кумановец откако кај него пронашла повеќе кутии со пиротехника.
-Денеска во  12.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Е.(61) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени повеќе кутии со пиротехнички средства – петарди. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-информира полицијата.

Read More

Одбележување на Недела на борба против ХИВ/СИДА

Одбележување на Недела на борба против ХИВ/СИДА

Согласно календарот на традиционални активности на Црвениот крст на РСМ, во периодот од 01-07 декември се одбележува Неделата на борба против ХИВ/СИДА под мотото „ Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција”. Во просториите на општинската организација Куманово беше организирана работилница која беше проследена од 15 учесници- волонтери од клубот на млади. Врсничкиот едукатор Никол Ѓорѓевска презентираше за тоа што претставува ХИВ, а што СИДА, начин на пренос, заштита, тестирање и клучни факти за ХИВ…

Read More

Објавен конкурс за фестивалот „ФИЛМАЈ 2022“

Објавен конкурс за фестивалот „ФИЛМАЈ 2022“

Фото-кино клуб „Козјак“ Куманово денеска го објави конкурсот за фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ за фестивалското издание 2022 година. Заинтересираните можат да конкурираат со кратки филмови, играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути и завршени после 1 јануари 2018 година, И 2022-та година ќе се доделат наградите „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио и награда за најдобар македонски (домашен) филм на filmaykozjak@gmail.com за…

Read More

Бензините поскапи за 2, а дизелот за 1,5 денари

Бензините поскапи за 2, а дизелот за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02%. Со ова зголемување бензините ќе бидат поскапи за два денари, а дизелот за 1,5 денари.
Од вечер на полноќ, според одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 75 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ за 64,5 денари за литар.
Екстра лесно исто така поскапува за 2…

Read More

(ВИДЕО) Димитриевски: Можно вработување на 2.000 кумановци во „Дрекслермаер“

(ВИДЕО) Димитриевски: Можно вработување на 2.000 кумановци во „Дрекслермаер“

Градоначалникот Максим Димитриевски на денешната средба со германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн најави можно проширување на капацитетите на компанијата Дрекслермаер и вработување на дополнителни 2.000 кумановци во наредните две години. Димитриевски посочува дека приоритет за општина Куманово е локалниот економски развој и развојот на индустриската зона Новини и Речица.
-Разговаравме на повеќе отворени теми. Најпрвин соработката на општина Куманово со амбасадата е на исклучително високо ниво и ја користам приликата да се заблагодарам за последната…

Read More

Казнети 58 возачи во Куманово

Казнети 58 возачи во Куманово

Во текот на изминатиот викенд на територија на Куманово спроведени се акциски контроли  за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина  поголема од пропишаната,  како и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 34  возачи за управување со возило со брзина поголема од пропишаната и 24 кои управуваат возило под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните…

Read More

ВИДЕО: Во болницата отворена неонатолошка амбуланта за новороденчиња

ВИДЕО: Во болницата отворена неонатолошка амбуланта за новороденчиња

Во кумановската болница за прв пат е отворена неонатолошка амбуланта. Стручен тим од неонатолог, специјализанти и други лица, ќе се грижи за здравствената состојба на новороденчињата. Родителите ќе имаат можност да добијат помош, преглед и советување за бебињата. Амбулантата е опремата со донација на струмичката компанија „Стримон Тивер“. Услуга ќе можат да добијат сите без оглед дали бебињата се родени во болницата во Куманово, или во некоја друга здравствена установа. Прегледите ќе се закажуваат преку…

Read More
1 303 304 305 306 307 769