23-годишна кумановка прободе сопруг заради нивното дете

23-годишна кумановка прободе сопруг заради нивното дете

23-годишна кумановка од селото Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, соопшти полицијата.
Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле…

Read More

ВИДЕО: Промовиран документарен филм за Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски

ВИДЕО: Промовиран документарен филм за Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски

Во Занаетчискиот дом вчеравечер беше промовиран документарниот филм за кумановската ракометна легенда Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски.
„26-минутниот видео материјал ќе остане како траен белег за успешната кариера на Черчил, кој останал лојален на Куманово цели 35 години“, вели Стошевски.
-Пред околу 4 месеци кога бевме во неговиот дом заедно со градоначалникот, веднаш ми дојде идеја да направиме еден документарен филм  бидејќи овој човек тоа го заслужува. 35 години беше лојален на Куманово, не…

Read More

Приведен тетовец на ГП Табановце

Приведен тетовец на ГП Табановце

На 15.12.2021 во 04,00 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека на А.Б.(48) од Тетово евидирал на стоп-листа по телеграма од Секторот за меѓународна полициска соработка за сторено кривично дело по член 279В од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Read More

(ВИДЕО)Гимназијата – домаќин на Еразмус + проект

(ВИДЕО)Гимназијата – домаќин на Еразмус + проект

Гимназијата „Гоце Делчев“ е домаќин на третата мобилност од Еразмус +проектот „ Активни граѓани во Европа“ во кој се вклучени наставници и ученици од Македонија, Италија, Данска, Романија и Турција. Тема на третата средба од проектот е „Безбедност и заштита на интренет“, информира координаторот Јасмина Денковска од гимназијата „Гоце Делчев“.
-Сега моментално се присутни колегите од Данска, Турција и од Романија. Од Италија учениците и наставниците не беа во можност да дојдат поради пандемијата поради тоа…

Read More

Следната година нови возила во четирите претпријатија

Следната година нови возила во четирите претпријатија

Општина Куманово потпиша договори со три компании кои наредната година треба да ги достават дванаесетте возила наменети за четирите јавни претпријатија. Средствата општината ги обезбеди преку дологорочно домашно задолжување, со договор под заем со Министерството за финансии, во рамки на средства обезбедени со проект подобрување на општинските услуги со заем од Светска банка.
-Целата постапка евалуација на проектот беше спроведена од страна на експертите од светска банка. Ги потпишавме договорите, се работи за опрема која што…

Read More

Штипјанец управувал возило со фалсификувана дозвола

Штипјанец управувал возило со фалсификувана дозвола

Утринава во 10.05  часот во село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода J.И.(50 години) од Штип.
При преглед и извршена сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило  „Фолксваген“ со штипски регистарски ознаки со фалсификувана возачка дозвола, информира полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Општината набавува компјутери за советниците

Општината набавува компјутери за советниците

Општина Куманово одвои 622.660 илјади денари со вклучен ДДВ за набавка на триесет и три лаптоп компјутери за потребите на советниците. На јавниот оглас конкурирале четири компании две од Куманово и две од Скопје. Највисоката добиена понуда е 1.501.500, најниската била 593.010 денари Договорот е склучен со компанија од Куманово „ИДС-КОМ ДООЕЛ Експорт-Импорт Куманово“ која понудила најниска цена. Договорот е склучен на почетокот од декември, годинава.

Read More

Санкционирани 18 возачи во Куманово

Санкционирани 18 возачи во Куманово

Кумановската полиција вчера спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои 5 биле откриени со т.н. „ноќен радар“.
Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Read More

(ВИДЕО)ЈП „Водовод“ работи со добивка

(ВИДЕО)ЈП „Водовод“ работи со добивка

Јавното претријатие „Водовод“ врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието, бележи добивка во првите девет месеци од годината во износ од 3.100.000 денари. Од овие средства, 2.900.000 денари изнесува добивката која произлегува од работењето на претпријатието само во периодот од 01 јули до 30 септември годинава, што пак значи дека речиси целата добивка е од работењето во последните три месеци, вели претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Валентина Младеновска. Образложувајќи го извештајот пред советниците, Младеновска рече дека…

Read More

ВИДЕО: Се реконструира ОУ „Дитурија“ во Липково, Царовска на увид

ВИДЕО: Се реконструира ОУ „Дитурија“ во Липково, Царовска на увид

Министерката за образование и наука, Мила Царовска заедно со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи денеска извршија увид во реконструкцијата на основното училиште  „Дитурија“. Со инвестиција од 9, 5 милиони се обезбедува енергетска ефикасност на објектот, санитариите и внатрешноста. Целта е да се обезбеди подобра и поквалитетна инфраструктура за учениците.
-Паралелно со подобрување на инфраструктурата на училиштата, работиме и на подобрување на програмите. Продискутирав со наставниците од прво и четврто одделение и со директорот дали се…

Read More
1 302 303 304 305 306 769