Големата сала подготвена за 11-ти ноември

При крај е реконструкцијата на големата сала во зградата на поранешен Комитет. Деновиве забрзано се работи на внатрешното уредување, со цел салата да биде подготвена за свечената седница, која ќе се одржи по повод 11-ти номеври, Денот на ослободување на градот. Инаку во салата веќе е поставен нов под, страничните ѕидови кои беа од иверка се заменети со гипс картон, а променето е и осветлувањето и озвучувањето. Работниците во моментот ја завршуваат бината, на која…

Read More

Општина Куманово купува куќа

Општина Куманово ќе ја откупи старата градска куќа, која се наоѓа на улицата Иво Лола Рибар, попозната меѓу кумановци како Нагорички сокак, бидејќи веќе поседува една половина од неа и земјиштето. Купувањето на  куќата ќе ја чини општината 62.000 евра. Целта е таа да се реконструира и да се направи градска куќа. Во неа ќе бидат сместени невладини организации, здруженија на граѓани кои се залагаат за  промоција на општината и државата. Раководителот на правниот сектор…

Read More

СДСМ: Да решаваме проблеми, а не да менуваме имиња

Наместо да се занимаваме со имиња на плоштади и улици, да се соземеме и да работиме за добробит на нашиот град и граѓаните, за подобрување на севкупната економска клима и просперитет-истакна Сашо Тодоровски, портпарол на општинската организација на СДСМ Куманово.
-Во овој момент не е време да се занимаваме со работа какошто е менување име на плоштад и такви тривијални работи кои со ништо не допринесуваат за просперитетот на нашиот град и подобар живот на нашите…

Read More

Спасовски нов министер за внатрешни работи

По одлука на четирите најголеми политички партии, нов министер за внатрешни работи ќе биде нашиот сограѓанин, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Функцијата министер ќе ја извршува до предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 24-ти април. Спасовски ќе има можност да разрешува и распоредува раководни лица, но на секој нивен назначен функционер, заменикот мора да биде од ВМРО-ДПМНЕ.  
Граѓаните со задоволство ја прифатија оваа одлука, бидејќи Спасовски е првиот кумановец кој е…

Read More

Куманово домаќин на „Гимназијада 2016“

Општина Куманово за прв пат ќе биде домаќин на спортската манифестација Гимназијада, која треба да се одржи во мај наредната година. Учениците од средните училишта од државата ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Претседателот на општински сојуз на училишен спорт од Куманово, Ивица Ѓоргиевски истакна дека градот веќе има искуство со вакви манифестации, бидејќи претходните години беше домаќин на малите олимписки игри.
– Имам потполна поддршка од градоначалникот и локалната самоупрва, сојуз на…

Read More

Лица со попреченост имаа музичко-сценски настап

Музичко- сценска програма во која учествуваа лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од градот денеска се одржа во основното училиште „Толи Зордумис“. Манифестацијата е по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на градот во рамки на проектот Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост, кој го спроведуваат УНДП и Општина Куманово. Во проектот се вклучени вкупно 15 лица,  меѓу кои професори по музичко и физичко образование, педагози, социолози, а  осум…

Read More

Кумановци: Да се реши проблемот со паркинг простор

Сообраќајниот хаос е секојдневна слика во централното градско подрачје. Возилата се оставаат на пешачки премини, коловозни ленти, па и на тротоарите. Иако во градот има определено дури 480 места за паркирање,  голем дел од нив се празни, бидејќи возачите не сакаат да плаќаат 35 денари за час, па практикуваат со вклучени трепкачи да ги остават автомобилите на недозволени места и на тој начин да го блокираат сообраќајот и да го попречат движењето на пешаците.
Ова особено…

Read More

ОУ „Кочо Рацин“ ќе соработува со „Порака наша“

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ и основното училиште „Кочо Рацин“ утринава потпишаа договор за соработка.  Учениците, но и наставниците ќе имаа можност да им пружат помош на лицата со попреченост, во сите активности што ќе ги реализираат во понатамошниот период. Од друга страна, дефектологот од центарот пак ќе може да работи со учениците од „Кочо Рацин“.
-Имаме план, програма и тие кај нас ќе доаѓаат ќе ни даваат поддршка за инклузивно образование,…

Read More

Граѓаните редовни плаќачи на даноците и таксите

Граѓаните на Куманово редовно ги подмируваат најголемиот дел од давачките кон општината. Тука не станува збор само за данокот на имот, наследство или подарок туку и плаќањето на разни комунални такси, велат од Секторот  за администрирање приходи во општина Куманово.  По основ на разни даноци и такси на општинската сметка досега легнале околу  150 милиони денари, а се планира сумата да се зголеми за уште 5 милиони денари до крајот на годинава.
-Овие податоци се од…

Read More

Завршува собирната акција на Црвениот крст

Активистите на општинската организација на Црвениот крст во рамките на акцијата по повод недела на гладта продале околу 400 бончиња меѓу граѓаните и бизнис заедницата во градот. Со собраните 8.000 денари ќе бидат набавени одредени прехранбени продукти кои во вид на пакети со храна ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
-Имаме список на луѓе на кои навистина им е потребно да им се даде помош, мислам дека потешко се одвиваат сега работите затоа што на…

Read More
1 776 777 778 779 780 804