3500 метри кубни смет извадени од речните корита

Од десетдневното чистење на коритата на реките Којнарка, Липковка и Кумановка извадени се  околу 3500 кубни метри отпад и зараснати дрвја. Освен отстранување на сметот од реките за овозможување на  слободен проток се планира и чистење на каналите во приградските населби.
– На овој начин ќе делуваме превентивно во пресрет на есенските и зимските врнежи и да превенираме можна поплава во овие трусни делови како што се Средорек, Бавчи и Никола Тесла  кадешто во изминатите периоди…

Read More

Поетски читања за промоција на хуманите вредности

Општинскат организација на Црвен Крст Куманово организираше поетски читања во рамките на проектот промоција на хумани вредности. Освен волонтерите со песни се претсавија и писателите. Преку ПХВ проектот активистите на Црвениот Крст реализирале неколку хумани дела со кои им е помогнато на граѓаните на Куманово.
– Нашиот проект беше да споделиме насмевка, собравме парични средства и на едно сиромашно семејство му изградивме тоалет и се надеваме дека им ја вративме насмевката на тие луѓе,вели Мирлинда Реџепи,…

Read More

Пратениците неквалитетно дебатираат во Собранието

Неквалитетна дебата во Собранието покажува десет месечниот мониторинг на пратениците спроведен од Институтот за демократијa. Проектот вклучува анализа на квалитетот на дебатата на повеќе од 100 седници и над 2000 говори на пратеници од месец мај 2014 до мај 2015 година. По спроведениот мониторинг беше организирана тркалезна маса на тема „Како дебатират пратениците во собранието “ на која беа поканети актуелни и поранешни пратеници, граѓански здруженија и новинари кои ја следат работата на Собранието.
-Не сме…

Read More

Кумановци сами си ги чистат оџаците

Бобан Јаневски е еден од ретките во градот кој повеќе од една деценија се занимава со оџачарство. Тој по професија е ветеринарен техничар но сиромаштијата и трите гладни усти кои го чекаат дома го натерале да заврши шестмесечен курс за оџачар. Од оваа работа не може да се стане богат, но доволно е да се преживее, вели Јаневски. Тој додава дека иако работата е тешка и валкана луѓето кога ќе го видат го поздравуваат и…

Read More

Осветена црквата Св. Спас во Долно Којнаре

Во присуство на голем број православни верници вчера на празникот Крстовден, во село Долно Којнаре се одржа мало осветување на црквата Свети Спас. Чинот на осветување на иконите и оспособување на црквата за да се извршуваат богослужби, го изведе кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф, во сослужение со свештениците од епархијата.
Новиот храм е изграден со средства на мештаните на Долно Којнаре, а со помош на донатори. Инаку на оваа локација, досега немаше црква.
-Ова е голем ден за населба…

Read More

Месноста „Гладно поле“ без канализација и асфалт

Во  населбата  Перо Чичо, во месноста „Гладно поле “ се уште нема  канализација, асфалт и улично осветлување иако граѓаните за ова платиле на општината уште кога почнале да ги градат нивните домови. „Наместо во урбанизирана средина, ние се уште живееме на поле“ – обвини вчера на пресконференција Мартин Јанчиќ од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
-Со години веќе одиме кај градоначалникот и бараме асфалтирање на улиците и приклучок кон канализациона мрежа , но по се изгледа…

Read More

ЦИВИЛ одржа семинар за слободни избори

Центарот за слобода започна нова серија семинари на тема „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ. Викендов во Куманово се одржа првиот  еднодневен семинар за обука и за стекнување  нови алатки за мониторирање на состојбите во РМ, преку кој Центарот ќе се обиде да и пружи на Македонија повеќе услови и да придонесе кон слободните избори закажани за април следната година.
-Тоа што е најважно за Македонија…

Read More

Одбележан „Европскиот ден на јазиците“

Со специјалитети од англиската, француската, италијанската и германската кујна и културно уметничка програма, во основно училиште 11-ти октомври денеска се одбележа 26-ти септември, Европскиот ден на јазици. Во рамки на манифестацијата учениците зборуваа за културата и традицијата на четирите европски држави. Инаку 11-ти октомври е единствено училиште во градот кое што нуди можност за изучувањето на четири странски јазици.
-Децата стекнуваат основи на странски јазици кои подоцна ги надоградуваат и се обидоа на еден креативен начин…

Read More

Манифестација „Празниците зближуваат“ одбележана во Слупчане

Основното училиште „Фаик Коница“ од село Слупчане беше домаќин на прославата „Празниците зближуваат“ за Курбан Бајрам на која присуствуваа ученици од различни етнички заедници и претставници на полициските служби. Пред присутните се говореше за суштината на големиот празник, а програмата беше исполнета со  игра, традиционални ора и поетско читање. Манифестацијата е во рамки на проектот „Безбедни училишта“ кој го спроведува СВР Куманово во соработка со општините и ОБСЕ.
– Целта на денешната манифестација е да се…

Read More

Привршува огласот за земјоделско земјиште

Во тек е јавниот оглас за доделување на обработливи површини во државна сопственост на парцели до 3 хектари. Од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово објаснуваат дека земјоделските површини се наоѓаат на различни локации, дел од нив се во  селата Пчиња, Студена Бара и Тромеѓа и во Општината Старо Нагоричане. Оттаму додаваат дека годинава има помалку заинтересирани за разлика од претходните години поради новините во аплицирањето за добивање на земјоделско земјиште.
 – Оваа…

Read More
1 780 781 782 783 784 802