Граѓаните сè повеќе се свесни за своите права

Граѓаните во шесте општини од Североисточниот регион годинава најповеќе се жалеле на повреда на правото од областа на социјалната заштита и сигурност, на второ место е правосудството, а потоа следуваат повреда на правото во областа на финансиите и царината. Насер Весељи, заменик народниот правобранител вели дека годинава бројот на поднесени претставки до канцеларијата во Куманово е речиси ист како и минатата година.
-До вчера имаме вкупно поднесено претставки од граѓаните 220, од кои за 177 е…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ : Дамјановски ги излажа жителите на Проевце

„Зоран Дамјановски е градоначалник кој не ги остварува своите ветувања и кој не стои на својот даден збор пред граѓаните, за него граѓаните на Куманово постојат неколку месеци пред изборите кога му требаат гласови“, беше речено на денешната пресконференција на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во с.Проевце. Оттаму додаваат дека  градот се дави во проблеми и кумановци се соочуваат со голем број на нерешени барања, а градоначалникот не ги реализира дадените ветувања.
-Населбата Проевце е еден од…

Read More

Годинава зимницата поскапа од лани

Годинава зимницата ќе биде поскапа од лани. Причина за тоа се неповолните временски услови кои влијаеа на родот и квалитетот на ,,ајварката” и останатите пиперки од кои се прави ајварот. Ако лани на големо овие пиперки се продаваа од 20 до 25 денари килограм, сега  чинат 30 или 35 денари. Пазарџиите велат дека и потрошувачката е намалена во споредба со минатите години. Дел од нив пак,  сметаат дека можеби сеуште е рано и допрва треба…

Read More

Изучување на хрватски јазик во „Браќа Миладиновци“

Хрватската заедница во Македонија, поточно огранокот  Куманово организира часови за изучување на хрватскиот јазик во основното училиште „Браќа Миладиновци“. Претседателот на огранокот, Иван Шеркиниќ наведе дека изучувањето е бесплатно, а го финансира Министерството за образование на Република Хрватска.
-Oсновна цел е членовите на заедницата на Хрвати подобро да го изучат својот мајчин јазик, а за останатите граѓани кои сакаат да се стекнат со дополнително знаење за хрватски јазик. Мое мислење е дека секое познавање на повеќе…

Read More

Министерката најави нови проекти на НУ „Музеј Куманово“

Националната установа „Музеј Куманово“ каде што се наоѓаат етнолошката, историската и архиолошката поставка до крајот на годината ќе добие нова покривна конструкција, а Занетчискиот дом и Спортската сала Соколона до 2017 година ќе имаат нови фасади, ова го најави министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска при денешната посета на Куманово. Министерката нагласи дека 70 проценти од предвидените проекти на кумановскиот музеј се завршени, а голем број се во реализација. Таа инфомираше дека  ќе продолжат археолошките…

Read More

Промовиран филм за убавините на Бислимска клисура

„Дојдете, видете, уживајте и зборувајте за убавините на Бислимска клисура“ е насловот на документарниот филм кој има за цел да ги претстави убавините и потенцијалите за развој на алтернативен туризам. Блислимската клисура која се протега на површина од седум километри, е лоцирана по течението на Пчиња, а карактеристични за неа се неколкуте пештери, ендемски видови на растителен и животински свет. Според организаторите излетнички, селски, ловен и риболивен туризам, спортско качување и алпинизам, зип линии, параглајдин, кајакарство…

Read More

Кумановци ги вакцинираат своите деца

Кумановци се совесни родители. И покрај тоа што годинава се водеше кампања против вакцинацијата сепак најголем дел од граѓаните на Куманово редовно ги донесуваат своите бебиња во Детскиот диспанзер, велат надлежните. Вакцинацијата за едно новороденче е неопходна бидејќи превенира и спречува повеќе заразни болести.
-Обично се почнува при раѓање на детето со вакцината бе- се- же хепатит се дава во родилиште потоа се продолжува со вакцинација на два месеца,  сега се дава од новите вакцини. Со…

Read More

Заврши Меѓународната ликовна колонија „ Карпино 2015 “

Тринаесеттата Меѓународна Ликовна колонија „Карпино 2015“ официјално беше затворена синоќа . Четириесетина дела создадени од вештите раце на петнаесет уметници од Македонија,Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Украина ќе ги разубавуваат  ѕидовите на организаторот- Мултимедијалниот центар „Карпино“  како и на повеќе општински установи и институции.

-„На Денот на независноста ја затворивме 13-та колонија.Уметниците создадоа над 35 дела,кои првин ќе бидат презентирани пред кумановската публика на изложба која се реализира во чест на Денот  на градот,а потоа…

Read More

Одбележан Денот на независноста на РМ

Куманово се вложи во самобитноста на Република Македонија. Затоа не можам, а да не спомнам дека настаните кои што во историјата на овој град се забележани како позитивни се длабоко втемелени во нејзината независност и самобитност.
Но,  за жал сите тие настани не биле само позитивни. Многупати се случувале големи притисоци врз нашиот град, рече претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски  на чествувањето на Денот на независноста на спомен- Костурницата .

-Затоа не можам, а…

Read More

Пензионерите организираа шаховски турнир

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Македонија, Здружението на пензионери Куманово утринава организираше шаховски турнир. На истиот учествуваа пензионери од здружението, како и од огранокот од општина Липково.  Инаку учествуваа 14 натпреварувачи, а една партија шах траеше 20 минути.
-Имаме добри натправарувачи, но се случува некогаш да добијат, но и да изгубат-изјави Љубомир Димитриевски, член на комисија за спорт одмор и рекреација при Здружение на пензионери.
Натпреварувачите истакнаа дека им претставува задоволство што со овој…

Read More
1 786 787 788 789 790 803