Авиозапрашување против комарци в петок ( 20.08.2021)

Поради временските услови, авиозапрашувањето против комарци планирано за денеска беше одложено, известува општина Куманово. На 20.08.2021 (петок), во раните утрински часови на подрачјето на Куманово ќе се изврши авиозапрашување против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите се вели во известувањето од општината.

Коментари

коментар(и)