Жител на Косово патувал со патна исправа на Албанец

Жител на Косово вчера бил приведен на граничниот премин Табановце, откако приложил патна исправа од друго лице, жител на Албанија. Според полиција, при пасошка контрола 46-годишно лице, приложило албанска патна исправа на име О.Х.(34) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)