Атлетски клуб Куманово е прогласен за севкупно најдобар атлетски клуб за 2025-та година.
АК Куманово е прв и на ранг листата за младински клубови.
„Освоени се титули од Куп првенства во секоја од возрасните категории, со што уште е единствен атлетски клуб досега што го постигнал тоа, барем во последниве 2 декади. Освоени се 10 клупски пехари.
Двајца наши атлетичари беа прогласени за најдобри во своите возрасни категории за 2025-та год. Михаил Стошевски беше прогласен за најдобар атлетичар под 18 години, а Ведран Николовски за најдобар атлетичар под 16 години. Оваа награда беше круна за одличната сезона што и двајцата ја имаа.
АК Куманово имаше супер сезона, освоени се 120 медали од државните првенства, 33 од атлетските митинзи, без да се пресметуваат од детските категории и натпревари.
Имавме 7 репрезентативци, 3 сениорски и 4 младински репрезентативци.
Имавме 3 државни рекорди, два од нив оствари Теа Алексовска во категорија на младинки во фрлање диск и во фрлање кладиво, а на 110м со пречки државен рекорд постигна Михаил Стошевски.
Благодариме за подршката на сите наши подржувачи и навивачи. Првата ваква ( дупла) титула беше во 2014-та година, а денес уште сме на врвот и тоа исклучиво со атлетичари/ки од наше производство и од нашиот град“, објави АК Куманово.