Бесплатна телефонска линија за информации за услугите и функционирањето на МВР

Министерството за внатрешни работи од утре во функција ќе ги стави бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk  на кои граѓаните ќе можат да добијат соодветна информација за функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата. Услугите се достапни на македонски и албански јазик.

-Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно, порачуваат од МВР. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)