Градскиот шаховски клуб Куманово информира дека на 09 ноември 2025 година (недела) ќе се одржи Брзопотезен турнир „11 Ноември – Куманово“, во просториите на СОУ „Перо Наков“ – Куманово, со почеток во 11:00 часот.
Организатори и покровители на турнирот се Сојуз за Спортови при Општина Куманово и Градскиот Шаховски клуб Куманово.
Право на учество имаат сите шахисти со ФИДЕ код. Турнирот ќе се игра по Швајцарски систем во 11 кола, според правилата на ФИДЕ за забрзан шах (Блиц).
Турнирот е пријавен и ќе се рејтингува во ФИДЕ.
Темпо на игра: 3 минути по играч со додаток од 2 секунди за секој потег (систем 3+2).
Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.
Распоред на турнирот:
– пријавување на учесници: 10:00 – 10:30 часот
– отворање на турнирот: 10:40 часот
– почеток на натпреварите: 11:00 часот.
Котизација: 300 денари.
Од уплатата се ослободуваат играчите со меѓународни шаховски титули.