-Одговорна и чесна локална власт, посветена на реформи и ориентирана кон граѓаните и локалните компании, може да има значителна улога во потикнување на развојот на локалната економија. Целото мое досегашно скоро 30 годишно работно искуство, го остварив во приватниот сектор и директно сум запознаена со проблемите на кои наидуваат стопанствениците од нашиот град. Куманово од град со развиена индустија, која што вработуваше десетици илјади наши сограѓани, во изминативе 30 години се претвори во град на затворени компании и отпуштени работници. Општина Куманово располага со голем човечки потенцијал на образовани и мотивирани луѓе кои поседуваат разновидни искуства и знаења. Сите овие потенцијали на Куманово до сега не се доволно искористени. Кумановци се принудени да бараат вработување во странство и во Скопје. На Куманово му треба нов почеток! Овие избори се шанса за сите граѓани на Куманово. Конечно, да започне економски да се развива нашата општина.
Ние нудиме промени и проекти. Ќе ги обезбедиме сите услови, индустриската зона во с. Речица да стане атрактивна за влез на голем број на инвеститори. Новата локална власт ќе овозможи инфраструктурно и техничко доуредување во постоечките неформални индустриски зони во населбите Карпош, Вера Которка и Бедиње, што ќе доведе до подобрување условите за стопанисување на многу кумановски препријатија. Меѓу првите мерки ќе биде поедноставувањето на процедурата за приклучување кон гасификациската мрежа и бесплатен приклучок. Со тоа ќе се намалат трошоците за енергенси на компаниите и директно ќе помогнеме на бизнис капацитетите во градот. Ќе изготвиме нов ДУП за нови хотелско-сместувачки капацитети и рекреативни центри како основа за потикнување и привлекување на нови инвестиции. Со тоа ќе придонесеме за создавање услови за развој на бањското лекување и туризмот воопшто како една гранка од економијата која потикнува развој на многу други еконоски дејности. Ќе ја модернизираме комуникацијата со администрацијата на Општината за поедноставен пристап до потребните услуги на бизнис заедницата. Ќе креираме интерактивна мапа на потенцијали за инвестирање во општината, со информации за макро и микроекономски условиво градот, природниот и човечкиот потенцијал. Ќе оформиме посебна канцеларија за инвеститори, претприемачи и претприемачи – почетници. Преку програмите на Општината ќе создадеме стимулативна средина за создавање работни места, истражување и развој, иновации и претприемништво. Ќе ја реорганизираме економијата на градот така што ќе овозможиме подобри услуги, ќе поттикнуваме иницијативи и иновативни решенија, со што ќе ги подобриме условите за живот на сите луѓе.
Нашата програма е за економски силна општина, за подобар животен стандард на сите граѓани! Куманово треба да биде моторот на промените во целата држава! Не потклекнувајте на притисоците и заканите.Покажете го кумановскиот дух и непокор. Излезете масовно на 17-ти октомври и покажете дека Куманово секогаш било и ќе биде предводник на промените. Гласајте за промени! За проекти! За победа! Гласајте за број 7, за победа на Тони Михајловски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска на прес-конференција, Валентина Младеновска, кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.