(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Субвенционирање на занаетчиската дејност

„На занаетчиството во Куманово му треба сериозен пристап и помош во реализација на големи проекти и програми. Треба да се направи општинска стратегија на подолг рок, стратегија која што би опфатила директно субвенционирање и помош на занаетчиите, но и анимирање и поттикнување на младите да се заинтересираат за дел од еснафите“, рече Елена Доцевска – Божиновска, носител на листата на кандидати за советници од Коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба со претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Агрон Фазли.

-Сметам дека во таа стратегија мора да се изнајде и соодветен модул како граѓаните што сакаат да се вклучат и да придонесат токму во унапредување на занаетчиството. Да се направи градска сувенирница, закупнините и фирмарините сметам дека треба да бидат симболични, давачите и таксите кои шти ги плаќаат да бидат сведени на минимум,  рече Елена Доцевска -Божиновска, носител на листа на кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

-Гледам дека има слух кај сите политички партии да слушнат за нашите потреби, занаетчиството да го стават на пиедесталот, занаетчиството поттикнува на вработување, чува традиција и затоа треба со многу внимание сите чинители политички партии кога доаѓаат на локална или на централна власт да мислат и за занаетчиите, рече Агрон Фазли, претседател на Регионална занаетчиска комора

Доцевска- Божиновска истакна дека ВМРО -ДПМНЕ има и волја и визија како да го придвижи занаетчиството во позитивна насока, а не да остане само на хартија.

Коментари

коментар(и)