(ВИДЕО)Претседателката Цвијановиќ во посета на КУД „Српски вез“

Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ придружувана од амбасадорот на БиХ во Македонија, Драган Јаќимовиќ и градоначалникот Максим Димитриевски денеска по повод Националниот празник на Србите, Свети Сава го посетија КУД  „Српски вез“ кое преку своите активности ги негува српскиот јазик, фолколорот, традиционалните игри и песни на српската заедница.

-Свети Сава е еден од најважните личности, првиот патријарх и државник и писател, тој ги воспоставил темелите на српката држава, не само на српската држава, туку и на севкупното православие на овие простори. За нас ова е многу значајно и важно, самото присуство на претседателката Цвијановиќ овде, за нас е ветер во грб. Ние постоиме веќе деветта година, го чуваме српскиот јазик, фолклорот, традицијата, го чуваме она што нашите предци го создавале минатите векови, тоа е многу важно за нас, со нас се и дел од македонскиот народ, затоа и постои „Српски вез“ да гради мостови на пријателство, да шири љубов, да шири и духовност и пријателство со останатите народности кои што живеат во Куманово, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“

Во рамките на „Српски вез“ опстојуваат  детскиот и младински фолклорен ансамбл, првиот изведувачки ансамбл, етно група со солисти, оркестар, библиотека, а тенденцијата е да се развие драмска секција и да се основа патувачки театар кој ќе ја презентира српската култура и традиција и надвор од Македонија. Дел од плановите ќе бидат реализирани со помош на донации, посочува Китановиќ.

-Добивме информација дека ќе добиеме и некои донации кои ни се многу значајни, добивме и гаранции дека просториите во кои што работиме дека ќе ги одржуваме и наредниот период, дека ќе ги уредиме до крај за да можеме полека да ја развиваме и драмската секција, да ја развиваме нашата библиотека, целокупното доживување да биде тука и фолкорот и играта, музиката и глумата, а како крајна цел на нашето постоење е основање на еден патувачки театар, па караванот „Српски вез“ да помине таму каде што живеат Срби во Куманово, во Македонија, да ја презентираме српската култура и пошироко, во Европа итн, изјави Китановиќ.

КУД „Српски вез“ е формирано во септември 2013 година во Куманово, на иницијатива на Српската заедница во Македонија со цел да се негува и сочува културниот идентитет на Србите кои живеат во Македонија. Успешно реализираните активности во текот на годината , „Српски вез“ ги одбележува со годишен концерт.

Во март 2015 година формиран е и огранок на друштвото во општина Старо Нагоричане.

 

Коментари

коментар(и)